Ревизори

Носители на работата во Друштвото за ревизија ПРОАУДИТ-Куманово се дипломирани економисти-ревизори со долгогодишно искуство од областа на сметководството, финансиите и ревизијата и тоа:

1.Соња Зафировиќ – основач и еден од двајцата управители на Друштвото, дипломиран економист со дванаесет годишно работно искуство. Во досегашната пракса работела во претпријатијата Југосто, Миткомерц, Митштедилница и Златен клас сите во Куманово и сега во Друштвото за ревизија ПРОАУДИТ(МАРЛЕКО) Куманово, а во исто време е и член на одборот за ревизија на Комерцијално инвестициона банка АД Куманово.При тоа непопсредно вршела работи од областа на ревизијата, сметководството, финансиите, банкарски работи, изработка на инвестициони програми и сл. Истата поседува трајна лиценца за вршење ревизија – Уверение за овластен ревизор издадено од Министерството за финансии на Република Македонија.

2.Стојан Вељковски – основач и еден од двајцата управители на Друштвото, дипломиран економист со триесет годишно работно искуство. Во досегашната пракса работел во Собрание на Општина Куманово, Кожарско преработувачки комбинат КУМАНОВО – Куманово, Економско биро Вељковски-Куманово и сега во Друштвото за ревизија ПРОАУДИТ(МАРЛЕКО) Куманово. При тоа непосредно ги врешел работите од областа на ревизијата, сметководството, анализа на работење, изработка на деловни планови, изработка на инвестициони програми, проценка на вредноста на капиталот, организација на сметководствена евиденција и сл. Истиот поседува трајна лиценца за вршење ревизија – Уверение за овластен ревизор издадено од Министерството за финансии на Република Македонија и Решение за судски проценител со општо овластување.